Diecotec FAQ
1.1 Зошто вреди да се купи печка на пелети?
Дрвените пелети кои се употребуваат за греење се еколошки и полезни за околината. Тие се прават од рециклирано дрво кое во нормални услови би било фрлeно по локалните депонии. Овие печки се поефтини за употреба од оние на гас а исто така даваат и посебен карактер на Вашиот дом.3.1 Како да го најдам соодветно место за мојата печка на пелети?
Печките на пелети можете да ги поставите било каде во Вашиот дом, особено се препорачува за поголеми животни површини каде што семејството го поминува поголемиот дел од денот и од каде што може да се обезбеди константно затоплување на околните простории. Печката треба да се постави во близина на исправен штек како и да се постои простор за чистење на печката и матријалите кои горат. Адекватната вентилација е од суштинско значење за функционирањето на печката, безбедноста на домот, степенот на одржување и внатрешната средина. Дополнително , воздухот за надворешно согорување треба да се извлече од одобрена локација. Сите овие детали треба да се земат во предвид за да се пронајде место кое ке приложи оптимални резултати при работата на печката.3.2 Може ли да користам друг тип на пелети наместо дрвените?
Ефикасноста на нашите печки во голема мера зависи од квалитетот на пелетите кои ги употребуваме. Нашите печки се проектирани да работат исклучиво на дрвени пелети.Користете исклучиво квалитетни дрвени пелети . Користењето на било кое друго гориво е строго забрането и не е покриено со гаранцијата. Вашата печка е работи на прецизно програмиран автоматски систем на полнење . Пелетите изработени со некој друг материјал поразличен од дрвото можно е да бараат и поразличен програм, па доколку ги користите на Вашиот уред , може да дојде до неправилност во работата на печката или прегревање
2.1 Како да управуваш со печка на пелети?
Управувањето со овој тип на печки не е воопшто тешко, но тоа е нова технологија која бара основни познавања. Како што секој на светот знае дека маслото на колата е потребно да се смени после секои поминати 5000 км, со цел да си потрае животот на моторот, така и на печките на пелети треба редовно да се издржуваат. Прирачникот содржи важни детали и информации за одржување кои треба да ги прочитате и следите. За повеќе детали прочитајте го DIECOTEC-Прирачник за печки на пелети.2.2 Како се уклучува и како се исклучува шпоретот на пелети?
Како прво, морате да се осигурате дека резервoарот е полн со пелети и дека горивото го полни горилникот, тогаш обидетете се да ја уклучите печката притискајќи го копчето за старт (On/OFF). Ако стартoвањето не успее, проверете го внимателно напојувањето со пелети и обидете се повторно. Повеќе неуспешни обиди за стартување на печката укажуваат на потреба за проверка од професионален сервис.Нормалното исклучување на печката е едноставно, со притискање на копчето OFF, според упатството. Веднаш потоа резервоарот прекинува со испорака на гориво во горилникот и откако печката доволно се излади, сите мотори и вентилатори прекинуваат со работа.
Проблеми со работата на печката се јавуваат почесто поради нередовно одржување одколку поради редовното работење. Проблемите поврзани со механички дефекти обично резултираат со исклучување на печката од страна на сигурносните прекинувачи. Исто така исклучувањето може да биде предизвикано од празен резервоар, неправилен старт или прекинување на електричното напојување. Печката не треба да се исклучува со вадење на utika~ot od {teker. Иако снабдувањето со гориво прекинува при недостаток на електрична енергија, пелетите во горилникот продолжуваат да горат уште неколку минути во горилникот. Чадот и гасовите одат на горе барајќи пат со најмал отпор. Затоа при инсталирањето е потребно да се има вертикална цевка за да осигураме природно повлекување. При необјаснето повеќекратно гасење на апаратот , посоветувајте се со професионална служба.
2.3 Што да направам кога стаклото ке се затемне и поцрни?
2.4 Кога стаклото на Вашата печка ке се затемне, тоа е знак дека нема доволно воздух во системот. Во овој случај треба да гi прилагодите воздушните амортизери и да го прилагодите согорувањето.-
Pellentesque vel mi enim. Phasellus scelerisque turpis sed leo ultricies semper. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Mauris pellentesque lacinia felis nec vehicula. Nam libero sem, auctor non tempor a, lacinia nec urna.
-
Ut bibendum tellus ac tortor mollis elementum. Pellentesque habitant morbi tristique senectus et netus et malesuada fames ac turpis egestas. Nullam egestas quam id purus dignissim porta. Cras augue quam, suscipit at aliquam tempor, molestie nec dolor.
Би можеле да претпоставите дека DIECOTEC е именувана со спојување на три термини : Diber (локацијата ), ECO (Emission Control Optimization) и ТEC (технологија).
Главната цел на DIECOTEC е да прераснеме во најуспешна копмпанија на региониот вом рамките на својот сектор, така што на нашите купувачи ќе им ги нудиме најповолните решенија за нивните потреби со што би се зголемиле и нашите инвестиции. Компанијата е опремена со специфична опрема и добро обучен работен кадар кој што ќе биде во можност да го доусовршува квалитетот на производство како и да ги задоволи потребите на нашите клиенти. Ние започнавме со производство на печки со пелети со нашиoт инженерски тим, кој секогаш ја нагласува својата страст за оваа работа како и го вложува максимумот во грижата зад квалитетот на производите. Ние ги вложуваме нашите најголеми напори и посветеност во текот на сите фази на производство. Секоја печка е вешто составена и исправно тестирана, додека за безбедносните прашања не се преговара. Дрвените пелети се 100 % органски и кога горат, речиси и не испуштаат чад. Едно полнење на печката со пелети овозможува долго топлење на просторијата. Пелетите се изработени од висoкоквалитетно дрво и други нус производи на дрвото кои инаку би завршиле во депониите. Со претворањето на овој потрошен материјал во ефективен извор на греење, ние се фокусираме не само да го зголемиме придонесот во иднината на домашното греење, туку и иднината на животната средина. Пелетите нудат огромни придобивки кон околината ; тие не само што ја намалуваат зависноста од ограничена количина на горивата како нафтата и гасот, тие исто така внесуваат во употреба материјали кои инаку би останале неискористени како отпад. Пелетите се лесно и чисто складирани во вреќи со што нудат и помала емисија на несакани загадувачи во однос на другите цврсти горива. Користењето на печки со пелети ја поттикнува економската и енергетската независност на државата, ги намалува трошоците и го намалува загадувањето на воздухот. Нашите печки на пелети при согорувањето на дрвени пелети произведуваат помалку пепел и затоплуваат повеќе и почисто од конвенционалните печки и камини. Топлината е постојана а тоа се должи на регулираното автоматско снабдување, во зависност од параметрите поставени од клиентот.НАШИОТ ПЕРСОНАЛ
Персоналот на DIECOTEC го користи целото свое знаење и искуство да со цел да постигне успех во праксата. Потпирајќи се на нашите лични искуства и пракса го помагаме издига?ето на оваа модерна компанија, произведувајќи нови и различни модели на печки што користат нови и обновливи извори на енергија. Ние се фокусираме на секој поединечен случај кој ни овозможува да пронајдеме и развиеме нов и стандардизиран продукт и се справуваме со сите барања на поедини продукти во зависност од потребите на потрошувачот. Ние сме секогаш во потрага по искусни инжиниери, техничари, стручњаци за работа со метал, продавачи, администратори како и по сите тие со јака волја за работа и способност да ја извршуваат работата со професионализам дури и во стресните работни часови.НАШИТЕ ПАРТНЕРИ
Нашите партнери и компаниите од каде што ги купуваме компонентите : метал, мотори, вентилатори, контролни табли и други делови кои ние ги користиме се вбројуваат меѓу најдобро познатите брендови на европскиот пазар. Дигиталните контролни панели кои ги користиме за нашите печки на пелети вклучуваат повеќекратни сигурносни проверки и дијагностики со цел да се продолжи животот и зголеми ефикасноста на Вашиот шпорет.ОБЈЕКТОТ
Објектот кој е во сопственост на компанијата вклучува деловни простории вклучува објект за производство и објект за административна намена. Објектот се протега на еден кат во површина од 2000 m2, на земјиште од вкупно 8000 m2, кое исто така е во наша сопственост. Објектот ги исполнува сите основни инфраструктурни потреби , потребнo е само еднo мало ремоделирање за да се прилагодат производните линии.ФИЛОЗОФИЈАТА И КЛУЧОТ ДО УСПЕХОТ
• Исполнување на потребите и барањата на клиентите. • Висококвалитетни продукти по ниски цени. • Градење на долгорочна врска со клиентите.